Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина што ги поттикнува нивниот развој и благосостојба, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој денес со УНИЦЕФ одржа состанок на кој имаше дискусија за положбата и правата на децата. Skopjeinfo
Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата.
Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите. Mk
По повод Светски ден на детето, во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија денеска во свечена сала се одржа владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговарале за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени. Biznisvesti