Владата на Република Северна Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане следен заменик генерален секретар на воената алијанса.
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО.