Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
113
30.54
35.75
30.80/7.02
113.00
37.83
0.33
9851.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 113
214 ■ 0.99/0.01 ■ 12 ■ 1118.5
Best clustering variants
214 0.99/0.01 12 1118.5
18:02 h 23-Nov-2024
  • Околу 200 автобуси на приватните превозници, кои осплужуваат 16 автобуски линии во главниот град стојат паркирани.
  • ◉ 200 автобуси стојат паркирани: „Потребни им сме на скопјани, за два дена може да се реши проблемот“
12:34 h 21-Nov-2024
  • Од Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираа дека ги следат сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.
  • Се вклучува и финансиската полиција, ги проверува јавните набавки за мазут при ЈСП
12:18 h
  • Јавниот превоз во главниот град е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
  • Скопје со редуциран јавен превоз, партиите со предлози и барање за оставка на градоначалничката Арсовска
11:50 h
  • Бирото за јавни набавки одговори на приозивките дека зад запирањето на набавката на дизел за автобусите стои сценариот на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Бирото за јавни набавки се брани: Имало само една понуда за горивото за ЈСП, но неприфатлива
11:09 h
  • Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон.
  • Биро за јавни набавки: ЈСП за набавка на гориво избрало неприфатлива понуда за најповолна
10:57 h
  • Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје се соочува со досега најголеми проблеми во функционирањето, нема доволно гориво за сите автобуси, а оние кои сообраќаат, доцнат со часови со што е загрозено и функционирањето и на работниците и на учениците.
  • Нема гориво, нема градски превоз: Директорка на ВМРО-ДПМНЕ ја поништила постапката за набавка на дизел
08:15 h
  • Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје, а граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат на посакуваното одредиште.
  • СКОПЈЕ РЕЧИСИ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ Автобусите во гаража, а граѓаните се снаоѓаат како да стигнат на работа
00:08 h
  • Откако кулминираше проблемот со јавниот превоз во Скопје и многу автобуси на ЈСП останаа во гаражи, а граѓаните без надеж чекаа по постојките, и официјално беше обелоденето дека проблемот е во недостиг на дизел гориво во ЈСП.
  • Бирото за јавни набавки ја прекинало постапката за набавка на нафта за ЈСП, распишан е нов тендер
Sitel

Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме.

И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз, рече Мицкоски кој беше покровител на Македонската вечер во рамки на Саемот Винска визија на Отворен Балкан во Белград, на новинарско прашање во контекст на одлуката на Владата за интервентно доделување нафта од државните резерви за ЈСП за надминување на проблемот со јавниот градски превоз. Sitel

Republika

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“ и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија.

Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма. Republika

360stepeni

Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат“, Оттаму велат дека од моментот кога премиерот Христијан Мицкоски „отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието.

„Во исто време почнаа и шпекулации за урнисување на ЈСП поради можно сценарио за негова приватизација“, Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги повика жителите в петок (22 ноември) да излезат на протест затоа што немаат редовни автобуски линии. 360stepeni