Претседателката Гордана Сиљановска Давкова информира дека утрово се слушнала со Радмила Шекеринска и договориле средба за во петок, за да може лично да и честита за изборот за заменик-генерал на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Радмила Шекеринска во објава на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте.
САД велат дека изборот на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО, покажува оти сите сојузници имаат удел во иднината на Алијансата, независно кога државата станала членка на НАТО.