„Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа, бидејќи ја гледам структурата на луѓето во овие иницијативи, тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“, одговори претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашана дали зад иницијативата, всушност, се крие поранешниот претседател на партијата, а сегашен амбасадор на земјава во Словенија. Fokus
Централниот одбор ја разгледал оваа иницијатива, иако не била доставена до партијата, туку до медиумите, и со 61 глас од вкупно 87 члена, таа била одбиена, рече пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија.
Прашана за тоа колку внатрепартиската битка за превласт во ЛДП е, вусшност, битка за обезбедување подобри позиции и контрола при евентуални преговори со ВМРО-ДПМНЕ за влез во власта, Зајкова одговори дека не знае каде се нудат овие луѓе или какви интереси застапуваат, иако смета дека „ќе да се изгубените интереси во прашање“. Libertas
„Викендов во ИЕ5 наместо регионален семинар на ЛДП, Зајкова остана осамена во хотел Молика само со дел од членовите на ЛДП од Битола.
Општинските организации во ИЕ5 и порај невидените притисоци и закани на раководството се приклучија на трибината организирана од страна на иницијативниот одбор за реформи во ЛДП. Libertas
Прашана за тоа колку внатрепартиската битка за превласт во ЛДП е, вусшност, битка за обезбедување подобри позиции и контрола при евентуални преговори со ВМРО-ДПМНЕ за влез во власта, Зајкова одговори дека не знае каде се нудат овие луѓе или какви интереси застапуваат, иако смета дека „ќе да се изгубените интереси во прашање“.
На дополнително прашање дали чувствува дека таа група ја трука кон преговори за влез во власта, лидерката на ЛДП рече дека таа лично не потпаѓа под притисоци оти поаѓа од идеалот на либералната демократија и во Собранието работи за подобри закони за граѓаните. 360stepeni
„СДСМ ја прифати опозиционата улога и започна со нови сили да биде коректор на власта, што е здраво за секоја демократија.
За разлика од нив Зајкова ја држи ЛДП во заложништво и никако не може да прифати дека народот ја прати во опозиција. Fokus
„Јас, искрено, не сакам да верувам, бидејќи ако е така, свесно го прекршува законот, а за прекршување на законот мора да има одредени санкции и одговорност како и за секој друг.
Но, тука многу лесно Министерството за надворешни работи може да си поведе постапка и низ консултации да утврди кој во што се мешал, со кого комуницирал, барем сега во 21 век тоа е лесно“, кажа Зајкова. Fokus
Но, тука многу лесно Министерството за надворешни работи може да си поведе постапка и низ консултации да утврди кој во што се мешал, со кого комуницирал, барем сега во 21 век тоа е лесно“, Во однос на барањата за нејзина смена и трибината што изминатиот викенд се одржа во Битола, од која беше посочено дека партијата го губи својот идентитет и дека е претворена во друштво со ограничена одговорност односно трговец поединец, Зајкова вели дека доколку се види највисокиот правен акт – Статутот, ова прашање во ЛДП е затворено.
Сè останато, вели таа, е израз на слобода на говор и индивидуална слобода на секој поединец. 360stepeni
Од Иницијативниот одбор на ЛДП порачуваат „наместо да прави заеднички трибини со луѓето со кои до вчера беше политички непријател и да го бламира членството и партијата, да се надмине себе си и да си поднесе оставка“.
Партијата час поскоро треба да ги отпочне подготовките за самостоен настан на престојните локални избори, се додава во соопштението. Skopjeinfo
Која е структурата во партијата што стои зад иницијативата за вонреден конгрес и смена на и каква е улогата во сето тоа на екслидерот Горан Милевски, актуелен амбасадор во Словенија – е една од темите на кои разговараме со претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), која гостува во новото издание на емисијата 360° на МРТ 1. По изјавата дека во Собранието ќе дејствува независно, Зајкова ја прашуваме и колку е политички морално да му врти грб на СДСМ на чија листа стана пратеничка, колку некои изјави, како за уставни измени со одложено дејство или за воведување законска можност за отповикување градоначалник на референдум, се заради приближување до ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласа ли за нов состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за што се неопходни најмалку 80 “за”, дали битката за превласт во ЛДП е, всушност, битка за тоа кој ќе ги води преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за влез во власта… Разговараме и за некои од законските иницијативи на ЛДП, како што е неодамнешната за укинување на дел од надоместоците и провизиите што ги наплаќаат банките за различни услуги за граѓаните и компаниите. 360stepeni
Пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, би гласала за нов состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за што е неопходна двотретинска поддршка во Собранието. 360stepeni