Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ. Skopjeinfo
Сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби, изјави Филипче по средбата која ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна со цел натамошна конструктивна соработка.
Филипче порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката треба да прерасне во редовни средби. A1on
Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче. Biznisvesti