Novamakedonija
Сепак, исходот не е конечен и видлив, но она што може да се гледа како можно решение, велат истите извори, е во начинот на интепретација на Преговарачката рамка, која би останала таква, каква што е усвоена од сите 27 земји-членки на Унијата.
Поддршка за македонските предлози и аргументи, како што посочуваат истите извори, земјава има од државите од Вишеградската група, Белгија…, бидејќи како што појаснуваат и меѓу самите земји-членки има стравување дека овој преседан нема да остане само македонски и оти во овој мултирателарен свет, во кој постојано се менуваат влијанијата и позиционирањата на одредени сили, мошне е важно Европската Унија да размислува да остане компетитивна. Novamakedonija