Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче. Biznisvesti
Сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби – изјави Филипче по средбата која ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна со цел натамошна конструктивна соработка.
Филипче порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката треба да прерасне во редовни средби. Plusinfo
Укажав на ризикот што сметаме дека може да биде многу голем, доколку настане фузија на двете безбедносни агенции а се продолжи со ваква партизација, имајќи предвид дека сме имале такво лошо искуство во минатото, една таква гломазна партизирана институција може да се злоупотреби“, рече Филипче.
Во одговор на новинарско прашање а поврзано со спојувањето на безбедносните агенции, Филипче посочи, дека во времето на Владата на СДСМ се направи реформа и тие институции се поделени и професионализирани. Fokus
Во овие моменти во Вила Водно почнува работната средба на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
Изјави секако се најавени по завршувањето на средбата, која се одржува на барање на Филипче. Kanal5