Претседателот на СДСМ реагира на последните одлуки на Владата на Мицкоски и бруталната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите и најавува дека СДСМ ќе се спротистави, ќе преземе мерки за заштита на граѓаните и институциите.
Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“.
Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз – му се обрати преку писмено соопштение скопската градоначалничка Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски откако вчера од неговата партија таа ја доби квалификацијата „кума на хаосот со јавниот превоз во Скопје“.