Министерката учествува на Форумот во придружба на државниот секретар во МФ Андриана Матлиоска.
Министерката Димитриеска-Кочоска на панел-дискусија ќе се осврне на приоритетите, искуството и предизвиците во имплементација на Стандардот за автоматска размена на информации (AEOI) којшто е клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Nezavisen
Имаме рамни и многу ниски даночни стапки и огромна сива економија и врз основа на тоа одлучивме дека е време да се работи на намалување на сивата економија.
Во таа насока, а со цел ефикасно собирање на приходите потребно е да разменуваме инфромации и користење на сите капацитети што ни се на располагање, истакна министерката и додаде дека даночната и царинската администрација се фокусирани на собирање на приходите и борбата со даночното затајување. Netpress
Како што информира денеска Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска истакнала дека поддршката е потребна за сите земји.
Даночното затајување е насекаде присутно, дури и во развиените земји, затоа поддршката е потребна на сите, не само на земјите како мојата. Biznisvesti
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествува на Пленарен состанок на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува од денеска до 29 ноември во Парагвај, кој е посветен на глобалната имплементација на меѓународните стандарди за даночна транспарентност и напредок на земјите, како и на предизвиците со кои се соочуваат земјите при имплементација на стандардите. Biznisvesti
Сите членки работат заедно, на исто рамниште, во борбата против офшор даночна евазија.
Најважна задача на Глобалниот форум е развој на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите за транспарентност и размена на информации од страна на сите членки, особено земјите во развој. Biznisvesti
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествува на Пленарен состанок на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува од денеска до 29 ноември во Парагвај, а кој е посветен на глобалната имплементација на меѓународните стандарди за даночна транспарентност и напредок на земјите, како и на предизвиците со кои се соочуваат земјите при имплементација на стандардите.
Министерката учествува на Форумот во придружба на државниот секретар во МФ Андриана Матлиоска. Nezavisen