Премиерот Мицкоски рече дека е жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството кое не постапува по индициите на ревизорите за корупција и криминал и најави дека доколку за брзо не се промени нешто,ќе спроведат како што рече, робусна акција.
Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.
СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на фотоволтаичните електрани на покриви на домаќинствата.