ТВ21 го следеше денешниот протест пред „Силбо“, организиран во знак на почит и сеќавање на трагично загинатата 22-годишна Фросина Кулакова.
Во чест на починатата Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена на пешачки премин во Скопје завчера, од страна на 20-годишник кој пијан, без возачка дозвола возел со брзина од над 120 километри на час, и поминал на црвено, денес во нејзиниот роден град ќе се одржи мирен собир на граѓани.
Во Неготино денеска се одржа граѓански собир во знак на сочувство со родителите на трагично загинатата Фросина Кулакова, која завчера вечерта беше прегазена од 20-годишниот возач Васил Јованов.