Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Менде Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат идни потпретседатели на СДСМ . СДСМ вечерва ја одржува првата седница на Централниот одбор, а Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова се избрани потпретседатели, неофицијално дознава ТВ Телма од извори во СДСМ.