Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности.
Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само тој може да ги управува и разни поранешни НВО активисти, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. A1on
И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев.
Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС, каде што на чело на партијата е ставен Венко Филипче, неврохирургот на Заев со неговите 40 потрчковци. Denesen
Тие се виновни и за неинвестирањето во инфраструктурата, како и за целосното назадување во сите полиња на државата.
Најлошиот избор на децата на Заев кои сега се раководство на СДС и во служба на неговата марионета, Венко Филипче како што за седум години ја заглавија и уназадија Македонија, така можат само дополнително да го заглават и СДС, велат од оваа партија. Netpress