Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија. Press24
Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи, истакна шефица на државата одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ, јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица.
Сиљановска Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и политичките структури. Libertas
Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана, мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив, нагласи Сиљановска Давкова.
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија рече дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што истакна, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур. Libertas
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија рече дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што истакна, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.
Тоа е нешто на коешто сметаме. Libertas
Македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, денеска од Подгорица ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која ја повика Северна Македонија да направи уставни измени и да ја вметне бугарската заедница во Преамбулата на Уставот. Mk