Коалицијата „Влен“ денеска на прес-конференција обвини дека младите кои го запалија државното знаме на Денот на албанското знаме се блиски соработници на поранешниот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме.
Демократската унија за интеграција најостро ги осудува лажните обвинувања и манипулациите што антиалбанската влада ги пласира на денешната прес-конференција, се наведува во реакцијата од ДУИ.