1 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jun 08:43 -> 28-Jun 12:00
.
.
.
.

Муцунски: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации – без водството на Трамп и САД, овие одлуки немаше да бидат можни

  • Учество на министерот Муцунски на настан во Хаг посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот

  • Муцунски: Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност

  • Муцунски: Пет проценти од БДП за одбраната е севкупна инвестиција во безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, оствари интервју со етаблираниот американски тинк-тенк „Atlantic Council“.

На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зеде учество на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

Facebook / Timco Mucunski По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста.

2 (34) ■ вести > свет ■ 26-Jun 05:20 -> 27-Jun 22:32
.
.
.
.

▷ Точка

  • Шефoт на МААЕ: Центрифугите во нуклеарниот комплекс Фордо повеќе не се во функција

  • Вклучувањето на САД во војната меѓу Израел и Иран ја спушти и цената на нафтата на светските берзи

  • Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

„Нападите што започнаа на 13 јуни предизвикаа значителна физичка штета на три главни локации: Натанц, Исфахан и Фордо, каде што Иран ги концентрираше поголемиот дел од своите активности за збогатување и конверзија на ураниум“, изјави Гроси за француското радио RFI.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нуклеарната програма на Иран претрпе огромна штета по неодамнешните напади од страна на САД и Израел, пренесува Анадолија.

Вклучувањето на САД во војната меѓу Израел и Иран влијаеше и на цената на нафтата на светските берзи која е на најниско ниво веќе една недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.

5 (20) ■ вести > свет ■ 26-Jun 07:44 -> 27-Jun 15:22
.
.
.
.

Хамнеи: Иран ѝ удри шлаканица на Америка и ќе одговори на секој нов напад

  • Ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде на САД

  • Точка

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во првото јавно обраќање по прогласувањето на прекинот на огнот со Израел, изјави дека земјата „ѝ удри шлаканица на Америка“ со нападот врз американската воздухопловна база во Катар, и остро предупреди против какви било идни напади, јави Асошиејтед прес.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Иран „никогаш нема да се предаде“ на САД, покажувајќи пркосен тон во своите први изјави откако стапи на сила примирјето со Израел.

Во својата изјава, ајатолахот Хамнеи рече дека САД „не успеале да постигнат ништо значајно“ со нападот врз нуклеарните постројки на Иран.

9 (9) ■ вести > македонија ■ 27-Jun 11:45 -> 27-Jun 18:03
.
.
.
.

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

  • МАКЕДОНИЈА ЌЕ УПАТИ НА РАЗУМ ВО СТРАЗБУР ПРОТИВ „МОДЕРНИОТ“ АМАНДМАН Не е мала работа што ЕУ разбра што прави Бугарија, смета Муцунски

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година – Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.

Македонија нема механизам да го спречи евентуалното усвојување на амандманот кон Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кој треба да биде изгласан на почетокот на јули, но ќе направи сè за да упати на разум.

16 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jun 17:18 -> 27-Jun 14:59
.
.
.
.

Вонреден електронски попис на населението 2026, но со услов

  • Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Премиерот со услов: Вонреден електронски попис на населението во 2026 по прифаќање на една изборна единицаВонреден електронски попис на населението во 2026 предложи премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, но неговата реализација ја постави како условена – тој побара да се прифати спроведување на избори со една изборна единица веднаш.

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“.

17 (14) ■ вести > македонија ■ 26-Jun 12:03 -> 26-Jun 19:45
.
.
.
.

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

  • Мицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци

Соопштение за јавност на СДСМ: На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.

Ќе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за тоа дали Владата има временска рамка до кога ќе се обидува да изнајде некаква промена на нашата преговарачката позица или постои можност целиот владин мандат да помине во барањето на подобрата позиција.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

114 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 06:09 -> 27-Jun 12:15
.
.
.
.

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

  • Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Фото: comic.mk Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија.

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија.

115 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

125 (5) ■ сцена > life ■ 26-Jun 13:00 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков

  • Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

172 (4) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 08:07 -> 26-Jun 15:15
.
.
.

Во кино „Фросина“ почнува седмото издание на „Златна рамка“

  • Почнува седмото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм

Од денеска, четврток 26 јуни до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од денеска до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.