Доколку по издадени наредби и барања не е пристигнат одговор или соодветни податоци од надлежни институции и органи во законски определениот рок, веднаш ќе бидат испратени ургенции за итно постапување“, се наведува во одлуката на Коцевски која ја пренесува Јавното обвинителство на РМ. Следствено, Коцевски ги задолжил обвинителите од основните, односно од вишите јавни обвинителства, во рок од 10 работни дена по носењето на Упатството да одржат колегиум со сите обвинители во основните, односно во вишите јавни обвинителства, на кој ќе се разгледуваат обемот на работа на конкретно обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата, подносителите, преземените дејствија и активни издадени наредби, како и предизвиците при постапувањето во таквите предмети. Denesen