Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 5,52% (учество во крајна цена околу 33%), додека надоместокот за користење на за преносниот систем МЕПСО се зголемува за 5,67% (учество во крајна цена сколу 45%) и цената на НЕМО кое е со незначително учество во крајната цена (од околу 0,19%) се зголемува за 19,8%. Ова значи дека ако некое семејство плаќало 1.000 денари за делот во сметката пренос на струја, сметката ќе му се намали за 330 денари. Libertas
Цената на МЕМО се зголемува за 19,8 проценти.
Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7%. Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68% пришто влијанието на крајната цена е 4%, цента за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52%, влијанието на крајната цена изнесува 33% и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8% кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19%. Plusinfo
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува а 19,8 проценти.
Влијанието на цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија врз крајната цена по која потрошувачите ги плаќаат сметките за струја е 4 проценти, цената за дистрибуција влијае 33 проценти врз крајната цена, а цената на МЕМО влијае само 0,19 проценти. Novamakedonija
Бислимоски најави дека до идната пролет нема да има промена на временскиот период во кој домаќинствата може да користат евтина дневна тарифа за електрична енергија.
Имавме состанок со ЕСМ и со ЕВН Хоум на почетокот на октомври за воведување дополнителен час евтина дневна тарифа на електричната енергија за домаќинствата. Civilmedia
Ќе преземаме мерки и ќе испраќаме сигнали до пазарот на електрична енергија да му обезбедиме на ЕСМ поголеми количини да ги продава на слободниот пазар во државата каде цените се далеку повисоки од тие што му ги нуди на универзалниот снабдувач, но при тоа и ЕСМ ќе треба да работи на зголемување на своето производство на електрична енергија, рече Бислимоски.
Инаку, МЕПСО од РКЕ побара зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 50,58 отсто, МЕМО за 78,58 отсто, а Електродистрибуција поднесе податоци во кои не беа вклучени трошоците за покривање на загуби во дистрибутивната мрежа бидејќи не беше завршена постапката за набавка на електрична енергија за покривање на загубите. вј/бак/Фото: МИА . Извор: МИА. Biznisvesti