Тоа што се поделија, не значи дека општеството ќе се подели како нив, велат од коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ). „Во овие клучни моменти за иднината на државата, ги повикуваме сите политички актери кои ѝ посакуваат добро на државата, да се обединат околу стратешките цели, а тоа се европските вредности и евроинтеграциите, а не други ретроградни дејствија.