Нашата држава има позитивен пристап кон политиката на отворени врати на НАТО за прием на нови членки, но засега е рано да се дискутира за членство на Украина во Алијансата, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во врска со иницијативата на Киев за зачленување на Украина во НАТО по забрзана постапка.
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање и сесија посветена на прашања и одговори со европратениците – членови на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент (АФЕТ). Пред членовите на комисијата, Муцунски испрати јасна порака дека новата Влада е силно фокусирана на евроинтеграциите и спроведувањето на реформи.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, што се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел.