Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека општината вложува во инклузивни проекти на локално ниво со цел подобрување на животот на лицата со попречености.
„Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 декември е силен потсетник дека сите ние - институции, невладини организации, граѓани мора заеднички да работиме за да овозможиме поквалитетен живот на овие лица. Press24
„Поставивме лифт и тоалет за учениците со потешкотии во движењето, како и пристапна рампа за непречен пристап во ОУ „Коле Неделковски“.
Во тек е изградбата на новата инклузивна градинка „Пролет“ и овозможивме бесплатен паркинг за сите лица со општетен слух на сите паркинзи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Nezavisen