Министерството за внатрешни работи заедно со Јавното обвинителство постапува по овие случаи врз основа на доказите со кои располага за кои постои основано сомневање дека овие лица направиле големи кривични дела, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Претседателот на Владата открива дека екс директорот на „Лотарија на Македонија“ како и поранешниот потпретседател на Владата Артан Груби кои се дел од поголема истрага којашто се води за злоупотреби во Државната Лотарија не се достапни на органите на прогонот, но според информациите со кои располага тој, екс директорот на „Лотарија“ подолго време не е во државата, додека Груби со уште едно лице стопанственик, во возило со дипломатски таблици ја има напуштено Македонија преку граничниот премин со Косово. Netpress