Европската Унија е вистинскиот пат, Обединетото Кралство иако повеќе не е дел од Унијата, сепак дава силна и континуирана поддршка за евроинтегрирањето на земјата, а секое дополнително одлагања им дава простор на другите, особено на Русија, која продолжува да дејствува во регионот со дезинформации, вели во интервју за МИА, британскиот специјален претставник за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич, кој беше во посета на Скопје. Denesen
Сметам дека членството во НАТО за сите граѓани во Северна Македонија овозможи едно чувство на споделена и колективна безбедност на луѓето.
Им честитам на вооружените сили на Северна Македонија за нивниот придонес во НАТО, како и за модернизацијата, за што разговаравме вчера. Libertas