Оставете ја емоцијата, оставете ги билатералните прашања коишто предизвикуваат емоција, ајде да зборуваме за билатерални соработки, од коишто ќе имаме реални опипливи резултати коишто ќе се темелат на прогресивен напредок, ова е дел од пораката на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по Самитот во Брисел.
Прашан дали е оптимист по посетата на Брисел, премиерот, Мицкоски истакна дека активно учествувал на седниците и на работниот дел, како и на работната вечера, а следниот ден имале состанок на семејството на Европската народна партија, каде што какошто вели активно учествува и она што го кажува како аргумент во јавноста делумно или целосно, го кажува и таму. Novamakedonija
Ние како држава, додава тој, не сме како останатите држави-кандидати за членки на ЕУ. – Ние повеќе од 2 децении сме дел од овој процес, скоро 2 децении сме кандидати, и никој досега немал билатерални договори во својата преговарачка рамка, никој досега не променил знаме, име, банкноти и т.н. Сето ова создава фрустрација кај граѓаните во Македонија.
И ние сме како сите што станаа членки. Plusinfo
Ниту денеска, ниту една земја членка од Европската унија не е усогласена со секоја точка, запирка од кластерите или поглавјата.
Но има политичка волја, се се сведува на политичка волја и на храброст. Skopjeinfo