Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев информира дека во текот на вчерашниот ден имал разговор со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски, во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан.
Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел на средбата со заменик претседателката на Европската Комисија и одговорна за надворешна политика и одбранбени прашања Каја Калас испрати порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужува своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој од вчера престојува во посета на Брисел, денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) на кој главни теми ќе бидат подготовките за денешниот Европскиот совет и проширувањето на ЕУ. Домаќин на Самитот ќе биде претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, а на него покрај Мицкоски ќе учествуваат и другите лидери од партиите членки на Европската народна партија од ЕУ и од Западниот Балкан, како и претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола.
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.