Plusinfo
Одговарајќи на новинарски прашања дали ќе ја разгледаат националната стратегија од ЗНАМ, на денешниот настан организиран од Министерството за односи меѓу заедниците по повод Денот на наставата на турски јазик, премиерот изјави дека и во минатото биле подготвени да разговараат, иако тогаш, нагласи, никој немал слух.
Ние сме подготвени за национална стратегија во секој момент, да видиме што е тој предлог, ќе разговараме, зошто да не. Спремни сме, ние и во минатото сме покажале и дека како опозиција сме подготвени, тоа што некој немал слух и којшто одлучил наивно да ги води процесите, наспроти интересите на граѓаните и наспроти интересите на државата, тоа е друг проблем. Plusinfo