Откако медумите пренесоа дека шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски остварил успешна посета на САД, без да се каже со кого се сретнал и што разговарал, уште помалку на чија покана отишол таму и дали престојува официјално или самоиницијативно, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија испратија соопштение.
Во него стои дека во рамки на посетата министерот Муцунски остварил значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт Департментот, Брендон Јодер, со потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и со лица вклучени во транзицискиот тим на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој од 20 јануари ќе стапи на функцијата.