Ова денеска од Прилеп го порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, кој по критиките дека дел од производите во маркетите се поскапени, најави дека ако е потребно Владата ќе донесе мерки кои не се пазарно популарни заради заштита на стандардот на граѓаните.
Ристески, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека дел од маркетите веќе се одзвале на повиците и веќе ги вклучиле основните прехранбени производи, како јајцата, маслото за јадење, шеќерот, млечните и месните производи во новогодишната кошничка. 360stepeni
Доколку до крајот на денот, сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница не ги додадат основните прехранбени производи, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање дали се додадени основните производи во новогодишната кошничка. Nezavisen
Според заменик - министерот за економија и труд првите денови со примената на мерката за новогодишната кошница, имаше намалување на цените на повеќе од 1100 производи, опфатени со акцијата, со најмалку 10 проценти.
Но, за разлика од нив имавме покачување на други основни производи кои не беа влезени во новогодишната кошница. Faktor
Со ова, мислам дека уште повеќе се комплетира новогодишната кошничка, изјави Ристески, кој денеска ги посети дневните центри во Прилеп, за лицата со церебрална парализа и Дневниот центар за лица со попречености „Ѕуница“.
Тој нагласи дека до крајот на денот ќе се чека сите маркети вклучени во акцијата да ги стават основните производи со попуст од барем 10 проценти. Sitel
И доколку до крајот на денот тоа не се случи во сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните во овој период околу Нова Година и празниците, изјави Ристески.
Според заменик - министерот за економија и труд првите денови со примената на мерката за новогодишната кошница, имаше намалување на цените на повеќе од 1100 производи, опфатени со акцијата, со најмалку 10 проценти. Faktor