Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме да се враќаме на состојба нула, односно очекувам таа состојба нула да се случи некаде пролетта следната година.
Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на едно од прашањата, дали има нови момент во насока на деталите кои ги изнесовте пред некое време од оваа собраниска седница за ваше физичко следење и дали може да се очекуваат докази врз база на спроведена истрага во рамки на институциите, вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните безбедносни служби го назначиле како организатор на „параполициска воена формација“ и физички го следеле, но не само него туку предмет на следење било и неговото семејство, двата малолетни сина и неговата сопруга.
На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25%.