Артан Груби нема албанско државјанство, пренесува . Порталот пренесува дека и нивните колеги од Албанија немаат пронајдено никаков запис во тамошниот Службен весник дека Груби добил државјанство.
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница како осомничен во случајот „Државна лотарија“, нема албанско државјанство, изјави за БИРН, Арта Сакја, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Како што пишува „Призма“, БИРН ги провери шпекулациите кои изминатите денови се појавија во јавноста дека Груби престојува во Албанија, близу Драч, односно дека поседува албанско државјанство.