1 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 12:19 -> 10-Mar 17:18
.
.
.
.

Андоновски: Само фирмата на сопругот на државната секретарка конкурираше на тендерот, потпишав за државата да не плаќа пенали

  • Кузеска: Скандал во Министерството на Андоновски- жената државен секретар, мажот добива тендери

  • СДСМ: Андоновски го призна скандалот со тендерите, итно да си поднесе оставка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ за конфликт на интерес, непотизам и сомнение за корупција во Министерството во врска со две јавни набавки во вредност од 50.000 евра што ги добила фирма која е во сопственост на сопругот на државната секретарка во ова Министерство.

Денес продолжуваме со објавување на серијата скандали поврзани со тендерските мрежи на ДПМНЕ.

Андоновски ги призна и ги потврди информациите на СДСМ, а со тоа и скандалот во кој тендерите во неговото министерство ги има добиено сопругот на државната секретарка Гордана Клинчарова, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговор на денешната прес-конференција на министерот за дигитална трансформација.

3 (9) ■ вести > македонија ■ 10-Mar 15:30 -> 10-Mar 16:26
.
.
.
.

Таравари: Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти или во објекти за другите министерства

  • Модуларните болници ќе се пренаменуваат во амбуланти и други објекти за потребите на други министерства

Модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на Велешката општа болница.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, во посета на Велешката општа болница денеска изјави дека модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства.

5 (37) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Mar 09:30 -> 10-Mar 17:18
.
.
.
.

Трендафилов: Наместо разбирање од Владата за покачување на платите, ние добивме ниски удари!

  • Трендафилов: Политички играчи прават упад во синдикатот

  • Петрушевски: ССМ нема кредибилитет веќе, СДС потврдија дека го координираат синдикатот

  • ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одговори на нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои обвинија дека Трендафилов соработува со СДСМ, и затоа се барањата за повисоки плати.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, во емисијата „Трилинг“ вели дека во моментов одредени политички играчи се обидуваат да направат упад во Синдикатот, нешто што е недозволиво.

ССМ веќе нема кредибилитет, СДС потврдија дека го координираат синдикатот.

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

61 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.

76 (21) ■ бизнис > економија > политика ■ 08-Mar 13:36 -> 08-Mar 16:36
.
.
.
.

СЕ СПРОВЕДУВА ЖЕСТОКА И РОБУСТНА КОНТРОЛА НА ЦЕНИТЕ Мицкоски ги повика трговците да работат за граѓаните, да не плаќаат пресови кај опозицијата

  • Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто

  • Контролата на цените е робусна, вели Мицкоски

Контролата на цените на производите е робустна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за тоа дали владата ќе обезбеди контрола на цените.

Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.