Во петок пратениците се враќаат на работа, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути. Netpress
Седницата може да трае, но до крајот на денот мора да се гласа по одредената интерпелација.
За секоја интерпелација се дискутира по еден ден и на крајот се гласа посебно за секоја – изјави Гаши. Novamakedonija
Претседателот на Собранието Африм Гаши на 26 декември рече дека за секоја интерпелација ќе се разгледува посебно и дека може да се дискутира цел ден во зависност од тоа колку пријавени пратеници има за збор.
Сепак, на крајот на денот мора да се гласа. Press24