Патот кон членство во НАТО може да потрае подолго од очекуваното, барем така беше во случајот со Северна Македонија, а знаеме со какви предизвици се соочи и Шведска, но таа успеа да ги реши и сега е дома, изјави заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќањето на Годишната национална конференција на здружението „Народ и одбрана“ на тема „Ковање на иднината: Стратешката визија на НАТО под новото раководство“, што се одржува во шведскиот град Селен.
Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во шведскиот град Селен, каде ќе учествува на Годишната национална конференција на здружението „Народ и одбрана“ насловена „Ковање на иднината: Стратешката визија на НАТО под новото раководство“.