Од СДСМ велат дека го поздравуваат бришењето на националистичкото видео со воени униформи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со што директно признал дека таквата политика не е добра и воопшто не носи добро ниту на земјата ниту на граѓаните.
Од ДУИ велат дека однесувањето на СДСМ денес изгледа како сè, само не како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните“, велат од СДСМ „Таквите изјави и дејствија се целосно неприфатливи и несоодветни за нашето мултиетничко и демократско општество.
Однесувањето на СДСМ денес изгледа како сè, само не како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во денешната реакција од партијата од Мала Речица, долгогодишен партнер во власта на СДСМ.