Да поднесеш иницијатива за интерпелации и на крај да гласаат само тројца пратеници, тоа покажува дека имаме поддршка и внатре во Европскиот фронт па дури и внатре во ДУИ и многу луѓе таму мислат како нас и имаат отворена врата да се приклучат кон Влен, изјави Меџити по посетата на Гостивар одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос за иницијативата за интерпелацијата на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, Меџити рече дека ниту еден од пратениците од коалицијата Вреди не бил присутен на гласањето на неговата интерпелација, и тоа, како што рече е политичка порака. Biznisvesti
Во Собранието во петокот не поминаа четирите интерпелации за работата на владините функционери.
Само беше поддржана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, поднесена од Левица, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден „воздржан“. Novamakedonija
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во врска со интерпелацијата на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути од Европскиот фронт, рече дека имаат забелешки за нејзината работа, но оти не поддржуваат иницијатива од Левица. Libertas