Преку проектите финансирани од ЕИБ наредната година ќе се гради и резервоар за село Чегране, со пристапен пат во вредност за 30 мил денари и воедно и фекалната канализација.
Министерот Меџити нагласи и дека со регионалниот проект за цврст отпад со поддршка од ЕБОР за општина Гостивар ќе се обезбеди опрема за селекција на отпад за домаќинствата, набавка на камиони за транспорт на отпад според барањата на општината. Nezavisen
Тие ќе се реализираат во делот на подобрување на патната инфраструктура, а ќе се работи и на подобрување на состојбата со животната средина преку изградба на канализациски мрежи, колектори и набавка на опрема за комунална хигиена.
Денес фокусот на дискусијата беше на проекти кои ги реализиравме, а дел од нив се во процес на започнување на реализацијата во оваа општина и кои како Влада и како МЖСПП сметаме дека во основа се за создавање на современо и квалитетно општество со инвестиција во животниот стандард на граѓаните, економијата и животната средина. Biznisvesti
Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одржа средба со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, на која беа разгледани клучните проекти за развој на инфраструктурата во општината. Press24