Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). – Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата. Mk
Таа потенцира на проширувањето денес е поинакво отколку што беше пред пет години и постои огромна можност работите во овој процесот да се придвижат напред.
Првпат по десет години постои реална перспектива дека во текот на овој мандат (на институциите на ЕУ) можеме да донесеме една, две или три земји до целта, рече Кос. Civilmedia
Еврокомесарката потенцира дека и покрај руската агресија врз Украина која донесе нова динамика во проширувањето, сепак тој процес и натаму останува заснован на заслуги.
Нема да има геополитичко попуштање, проширувањето останува процес заснован на заслуги, нагласи Кос, додавајќи дека владеењето на правото и почитувањето на основните вредности се и ќе останат камен темелник на политиката на проширување. A1on
Еврокомесарката потенцира дека и покрај руската агресија врз Украина која донесе нова динамика во проширувањето, сепак тој процес и натаму останува заснован на заслуги.
Осврнувајќи се на амбициите на земјите од Западниот Балкан за членство на ЕУ, еврокомесарката за проширување најави дека неделава ќе ја посети Црна Гора, а во текот на февруари и Албанија. Telma
Што се однесува до Србија, според Кос, таа мора да исполни одредени критериуми за отворање на преговорите по Кластерот 3, нагласувајќи дека сега ЕУ чека Белград да ги испорача реформите што ги вети.
Таа најави и иницијатива за организирање фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари меѓу тимови на земјите кандидати за членство и државите членки на ЕУ, со што би се дал нов поттик на проширувањето, надвор од преговорите по поглавја и кластери и спроведувањето на реформите. Telma
Осврнувајќи се на амбициите на земјите од Западниот Балкан за членство на ЕУ, еврокомесарката за проширување најави дека неделава ќе ја посети Црна Гора, а во текот на февруари и Албанија.
Го започнавме мандатот со отворање на еден кластер со Албанија и со затворање на три поглавја со Црна Гора… Ќе одам во Црна Гора оваа недела да го прославам нивното достигнување и да поттикнам понатамошен напредок за време на полското претседателство, нагласи таа. Civilmedia
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изрази уверување дека за време на овој мандат на Европската комисија (2024-2029) најмалку една земја во процесот на проширување ќе стигне до „финишот“ и ќе се приклучи на ЕУ, оценувајќи дека во моментов лидери во процесот се – Црна Гора и Албанија. Plusinfo
Гледаме свет каде големината и моќта се користат како уцена и свет во кој многумина би сакале да видат дека Европа пропаѓа и каде што се вложуваат значителни извори за да се постигне тоа.
Ситуацијата во Грузија и енергетската уцена во Молдавија се силен потсетник на предизвиците со кои се соочуваме… Мирот, слободата и просперитетот на нашиот континент зависат од силата на единството и големината на ЕУ, додаде Кос. Civilmedia
Со цел да се интензивира процесот и да се релаксиират односите, таа најави и одржување фудбалски натпревар меѓу претставници на земјите членки и земјите кандидатки.
Кос изрази надеж дека регионот забрзано ќе се придвижи кон Унијата, но нагласи и дека проширувањето ќе остане врз основа на заслуги и дека нема да има како што ги нарече, геополитички олеснувања за земјите на патот кон членство. Kanal5