Протестите на синдикатот на УПОЗ се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, соопшти денеска Владата. Plusinfo
„Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог.
Секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира, се со цел да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните. Mk
Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси кои не мислат ништо друго освен собирање на ситни политички поени на грбот на граѓаните – наведува Владата.
Според Владата, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани. Novamakedonija
За потсетување, Синдикатот на УПОЗ само во 2022, 2023 и 2024 има организирано три штрајка, најмалку 20 протести, од кои на протестот во декември 2023 над 5.000 вработени од Управата и правосудството излегоа на улица за да побараат плати за достоен живот, вели Деановски.
Од Владата и денеска велат – протестите се малициозни и политички мотивирани. Sitel