Тој додаде дека си овој протест, го изразуваат незадоволството од, како што истакна, недостоинствено ниските месечни примања на вработените во Министерството.
Притоа појасни дека Синдикалната организација при Министерството за култура и туризам пред повеќе од две години изготвила предлог текст на колективен договор, кој предвидувал објективно и коректно покачување на платите на вработените, во висина од 30 проценти, исто како и за вработените во Министерството за финансии, Министерството за одбрана, Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, СОЗР, Управата за јавни приходи, Царинската Управа, Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј”. A1on
Синдикалната организација при Министерството пред две години предложила колективен договор кој предвидувал покачување на платите за 30 проценти, колку што било и за колегите во други институции како Министерството за финансии, Министерството за одбрана, и Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”.
Костовски истакна дека иако го поздравуваат покачувањето на платите во други државни органи, бараат равноправен третман и одговорност од страна на министерот за финансии, Владата и премиерот за да не се создаде нерамноправен статус на вработените во Министерството за култура и туризам. Mk
Платите на 70 отсто од вработените во министерството се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во државните органи кои го добија додатокот на основна плата, е 30 проценти, рече денеска Бранко Костовски, претседател на Синдикална организација при Министерството за култура и туризам на УПОЗ, на протестот пред Министерството за култура. Denesen