Интерпелацијата на Даути, за која собраниското мнозинство се изјасни дека е основана, беше поднесена затоа што, како што образложи пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, таа како претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади со нејзиното несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување ја кочела постапката за носење на Законот за бранители со тоа што одби да го стави на дневен ред на Комисијата Даути во своја одбрана од собраниската говорница рече дека целта на интерпелацијата е демонстрирање сила и диктат кон работата на пратениците што размислуваат поинаку.