Деаноски истакна дека овие денови се изначитале декларативни соопштенија од страна на Владата, преку кои Владата ги канела на средби преку медиумите, а тие формално не добиле никаква покана за продолжување на дијалогот.
Бидејќи дијалог не се води преку соопштенија и преку медиумите, Синдикатот на УПОЗ денес поднесе формално барање за средба со претседателот на Владата на Р. Македонија. Kanal5
Вработени во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест барајќи додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори.
Денеска од протестот што се одржа пред Министерството за финансии, преставниците на Синдикатот на УПОЗ информираа дека доставиле барање за средба со Владата, а доколку не се постигне договор не се исклучуваат порадикални чекори. Netpress
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска ќе одржи протест пред Министерството за финансии. Libertas