Синдикатот на УПОЗ објави дека поднеле барање за средба сo Владата и дека доколку не се постигне договор, не се исклучуваат порадикални чекори.
Доколку не се постигне договор со Влада, не се исклучуваат и понатамошни протести, штрајкови и тужби, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на денешниот протест пред Министерството за финансии.
Вработените во дел од државните институции денеска продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори.
Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи попладнево на протестот пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.