Оваа состојба е резултат на неспособноста и негрижата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот Таравари кој се шета по Вашингтон и си објавува слики додека пациентите страдаат.
Недостатокот од лекови, недостигот од кадар и очигледната негрижа за потребите на пациентите се директен показател за уништувањето на здравствениот систем под раководството на оваа влада. Sitel
СДСМ изразува сериозна загриженост за катастрофалната состојба на Клиниката за онкологија во Скопје, каде што пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостаток на животно потребни лекови, недостаток на здравствен кадар и елементарни услови за лекување. A1on
Пациентите стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.
Причина за недостигот, како што велат, е тоа што Клиниката за онкологија не е во можност да одговори на зголемувањето на бројот на пациентите со метастатски канцери. Libertas