Списокот со имињата на израелските заложници што ќе ги објави Хамас во првата фаза од планираниот прекин на огнот меѓу групата и израелската армија ќе биде достапен наскоро, изјави денеска неименуван член на Хамас, додавајќи дека причината за доцнењето на листата е од техничка природа.
Членовите на Хамас денеска објавија дека „од технички причини“ групата сè уште не му доставила на Израел список на заложници што треба да бидат ослободени, што мора да го направи според договорот за прекин на огнот за примирјето да започне.
Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.
Израел го задржува правото да ја продолжи војната против палестинското милитантно движење Хамас во секое време, со поддршка од САД, според условите на договорот за прекин на огнот што треба да стапи на сила во недела, изјави во саботата вечерта премиерот Бенјамин Нетанјаху.