Би сакала да ги споделам со вас клучните столбови на оваа Програма и како тие имаат за цел да го подигнат животниот стандард.
Програмата за 2025 година е во функција на остварување на стратешки приоритети за 2024 – 2028 година, секој дизајниран да одговори на итните предизвици: од обновување на довербата во институциите, ефикасната борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото. Mk
Програмата има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати, напомена владината портпаролка на прес-конференција . Во првиот дел од Програмата има над 120 предлог-законски решенија меѓу кои се и Предлог-законот за управување со движења на предметите во судовите, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот спречување на корупција и судир на интереси, додека вториот, како што истакна Митева, има поширок опфат и се однесува на сите сегменти.
Околу 100-на активности во Програмата се однесуват на обврските од реформската агенда за 2024 - 2027 година и Планот за раст на Западен Балкан. Press24