Тоа што веледрогеријата Пановски, преку тогашниот министер за здравство Венко Филипче, испумпувала милиони преку тендери, не смее да остане така, мора да се преземат мерки, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
СООПШТЕНИЕ: Оваа веледрогерија, во чија сопственост е таткото на Ирина Пановска, која токму Венко Филипче ја има поставено за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година, до сега има земено неверојатни 35 милиони евра тендери, само од Клиниката за онкологија и радиотерапија.