Разобличена е една огромна завера против мене поврзана со случајот за злоупотреба на биолошка терапија на Клиниката за Онкологија, вистината победи, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Press24
На крај на денот, пиар „мајсторчињата“ на опозицијата во обид да го оправдаат неоправдливото, да го скријат она што на нормален човек не му е ни на крај памет да го сокрие и да го амнестираат оној за чија вина или невиност не суди Анкетната комисија туку надлежните органи на прогонот, најдоа и ден за тоа.
Токму на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот ја нападнаа претседателката на комисијата во надеж дека нејзините дневни ангажмани нема да и дозволат да ги повтори одамна познатите факти до кој таа комисија дојде. Fokus
Па по онаа народната петпати повторена лага станува вистина се обидоа да го тргнат гревот од тогашниот министер и вината да ја префрлат на друг.
Истата добро позната рецептура на СДС. Fokus
Тој извештаите ги покажа и обвини дека досега биле криени од истражните органи.
Мизрахи пак, одговори дека министерот бил одговорен, зашто директно врши надзор над работата на Клиниката и истакна декаа таа зборувала за извештаите на стручните комисии, а не на редовните извештаи на клиниките. Mk
А за евентуално утврдениот криминал од страна на надлежните, каде се предадени сите документи, не суди Рашела, парламентот, ниту извршната власт туку судот, колку и да им е ова непознато и несвојствено на СДС.
Оваа власт не игра политички – бизнис игри Филипче, и секако не на грбот на граѓаните. Fokus