Министерството за европски прашања информира дека во втората половина од март о.г., Северна Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија. Mk
Во втората половина од март, годинава, Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија.
Како што соопшти Министерството за европски прашања, одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план. Plusinfo
Оваа одлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство, стои во соопштението.
Од Министерството посочуваат дека дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот. Kanal5