Доаѓам од локална самоуправа каде баш тоа сум го работел и сме седнувале со Јанушев кога беше директор на ЈСП и до детали со сите месни заедници сме се собирале со луѓе и сме правеле менување на возни редови по потребите на граѓаните“, истакна советникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски на денешната седница на Советот на Град Скопје обраќајќи се до директорот на ЈСП, Драги Кушовски и градоначалничката Данела Арсовска.
Бојковски посочи дека во минатото во менување и правење на возни редови на автобуси учествувале месните заедници, дел од администрацијата на самата општина, администрацијата на градот и директорот на ЈСП. Skopjeinfo